Студенти од ФИНКИ направија апликација Smart Braille за лица со оштетен вид

- Advertisement -

Smart Braille е македонска Android апликација која екранот на паметниот телефон го претвора во тастатура за Браево писмо. Благодарение на ова, пишувањето на паметен телефон за лицата со оштетен вид е значително поедноставно, а дополнително во самата апликација е интегриран и text-reader, кој овозможува лицето со оштетен вид само да го насочи уредот кон текст и телефонот ќе го „прочита“.

Како што пренесува порталот IT.mk, апликацијата е направена од двајца студенти на ФИНКИ, Никола Тасевски и Стефан Тасевски, кои откако ја лансирале апликацијата, веќе двапати ја надградиле благодарение на повратни информации од корисници од групата за слепи лица од Google – Eyes free.

- Advertisement -

Апликацијата овозможува преку поделба на екранот на шест дела значително полесно пишување со Браево писмо, со тоа што корисникот може да користи и voice-to-text опција, иако ова не е секогаш соодветно и речиси никогаш не е приватно. Шесте полиња на телефонот соодветствуваат на полињата кои се користат и за Браево писмо, па ова го прави пишувањето значително поедноставно.

„Моментално поддржува само јазици кои користат латиница, но се препознаваат и дополнителни специјални карактери кои се застапени, на пример, во чешкиот, германскиот јазик итн. За жал, API клучот на апликацијата не поддржува кирилична поддршка, меѓутоа доста е веројатно дека ќе биде овозможена во блиска иднина бидејќи cloud базираното API веќе ја овозможува, па веројатно, истата ке биде имплементирана и во мобилното API. Во моментот кога ќе биде достапна веднаш ќе биде имплементирана и од наша страна“ изјавија креаторите на апликацијата.

- Advertisement -

Освен што работат на внесување на повеќе карактери во апликацијата, тие работат и на iOS верзија на апликацијата. Функционирањето на апликацијата е претставено во следното видео.

Сподели!
- Advertisement -