Претставени иновативните решенија кои се натпреваруваат за предизвикот „ПристАПП транспорт“

- Advertisement -

Во Министерството за транспорт и врски се одржа јавна презентација на иновативни решенија за нов систем „ПристАПП транспорт“ за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај.

Новото софтверско решение има за цел да обезбеди поефикасно, поевтино и потранспарентно решение во процесот на издавање на различни видови на дозволи и документи во надлежност на Министерството за транспорт и врски, во секторот Транспорт.

- Advertisement -

Новиот систем треба да ги опфати сите фази од постапката од електронското аплицирање во патничкиот линиски превоз како и транспортот на стока, предвидени со Законот за превоз во патничкиот сообраќај, управување на постапките за одобрување решенија, па се до издавање на лиценците и дозволите.

Исто така, како дел од ова решение ќе се создаде и Централен регистар на транспортери што ќе поддржува чување на информации за сите типови на транспортни компании, според нивните податоци според дејноста.

- Advertisement -

„Како дел од процесот за создавање на квалитетни услуги за граѓаните, Фондот за иновации и технолошки развој ја покрена програмата ПристАПП, а алатката “ПристАПП Транспорт” е прв пилот проект од оваа програма, што ми е особено драго. “ПристАПП Транспорт” e нов софтвер кој има за цел да обезбеди поефикасно решение во процесот на издавање на различни видови на дозволи за транспортните компании. Изработката на новиот софтвер ќе обезбеди интероперабилност што ќе овозможи електронска размена на податоци меѓу институциите вклучени во постапките, а од друга страна ќе го олесни и пристапот на крајните корисници до транспортните услуги,” изјави министерoт за транспорт и врски Горан Сугарески.

- Advertisement -

Според министерот Сугарески, имплементацијата на новите електронски системи во доменот на транспортната дејност, покрај зголемување на ефикасноста и транспарентноста во давањето на јавните услуги за граѓаните, има за цел да создаде подобри услови за транспортните компании.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски се заблагодари на компаниите кои учествуваат во рамките на предизвикот „ПристАПП транспорт“.

„Преку иновации сакаме јавниот сектор да го направиме поефикасен, потранспарентен и подостапен за граѓаните и фирмите. Тоа го реализираме во партнерство со домашните компании. Денес имаме 5 компании од ИТ сферата кои се одзваа на ПристАПП предизвикот и подготвија технички решенија за подобрување на услугите во Министерството за транспорт и врски“, рече Деспотовски.

Тој посочи дека со овој модел се нуди алтернатива на традиционалниот систем за јавни набавки.

Пет македонски IT компании доставиле предлози на повикот за изработка на ново софтверско решение за распределба на дозволите во патниот и товарниот сообраќај. По денешната презентација на предлозите, Комисија од повеќе институции ќе го избере најдоброто врз основа на кое за девет месеци би почнала примената на новата алатка.

„Компаниите, а не јавниот сектор ги креираат техничките решенија за унапредување на јавниот сектор и системот на јавни услуги. ФИТР со 5 милиони денари во целост ќе ја финансира изработката на ова софтверско решение, а програмата ПристАПП во наредниот период ќе продолжи и во другите владини ресори.“, нагласи директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Новата алатка „ПристАПП Транспорт” треба да биде изработена во рок од 9 месеци.

Сподели!
- Advertisement -