Полска иноваторка направи амбалажа од комбуха која може да се јаде

- Advertisement -

Роза Јануш, студент по дизајн од Полска ја креираше Scoby – еколошка алтернатива за пластичната амбалажа која се одгледува на ист начин како што се одгледува габата комбуха. Амбалажата се прави од ферментирани бактерии и габи. Таа изгледа како органска мембрана и може да се користи за чување различна храна: семиња, јаткасти плодови, па дури и салати, пишува Inhabitat.

Оваа амбалажа остава нула отпад и е целосно биоразградлива, па дури може и да се изеде откако ќе се употреби. Јануш ја направи амбалажата како дел од нејзината дипломска работа, а целта и е а им помогне на фармерите да одгледуваат сопствена амбалажа која не создава отпад.

- Advertisement -

Со помош на бактерии и габи, Јануш ја користи создадената течност за да ја одгледа мембраната во плитки садови. По две недели додавање шеќери и други ѓубрива за материјалот да ферментира, на површината на комбухата ќе се формира мембрана која може да се собере.

„Scoby ќе може да ја одгледуваат фармерите не само за да прават амбалажа, туку и во зависност од концентрацијата, за да прават природно ѓубриво или пробиотски пијалаци“ вели Јануш.

- Advertisement -

Лесниот и провиден материјал лесно може да се направи во која било форма во зависност од храната што ќе ја штити од расипување. Благодарение на тоа што има ниска pH вредност, Scoby може долго да стои на полица доколку се користи за чување јаткасти плодови. Материјалот може и да го апсорбира вкусот од храната. Јануш планира во блиска иднина да ги истражи комерцијалните опции на материјалот и неодамна го поднесе својот дизајн во конкуренција за наградата Golden Pin Concept Design Award 2018.

Сподели!
- Advertisement -