Одржувањето врски на далечина не е лесно без разлика дали станува збор за љубовна, пријателска или семејна врска. Се додека не стане реалност телепортирањето, потребата да го намалиме растојанието резултира со многу нови гаџети. Но, овој гаџет се издвојува од другите.
Ламбите на пријателството реагираат на допир и ви помагаат да им покажете на саканите кога мислите на нив, во реално време. Потребно е и двете лица да ја имаат оваа ламба. Откако еден од вљубените, пријателите или членовите на семејството ќе ја приклучи ламбата може да добие порака на истата и при најмал допир на ламбата која ја поседува другото лице.
Кога ќе ја допрете едната ламба, другата дава светлина без разлика на оддалеченоста. Овие ламби може да се купат во пар, и се одличен начин за комуникација особено во ситуации кога немаме време ни за телефонски повик.