Осум совети со кои претприемачите ќе си го олеснат започнувањето бизнис

- Advertisement -

Секој од нас сака да си ја направи работата што е можно повеќе ефикасна и продуктивна, иако многу пати се чувствуваме како на работните задачи да им нема крај. Ова особено се однесува на новите претприемачи кои штотуку навлегуваат во водите на бизнисот кога ќе им се чини дека постојано мора да се заврши некоја нова обврска. Доколку сте новопечен претприемач, следете ги овие совети за да си ја олесните работите и при тоа да бидете попродуктивни.

1. Преземање мали чекори

- Advertisement -

Според Forbes, најуспешните претприемачи се фокусираат на мали чекори кон своите цели. Иако многумина ќе речат дека е потребно да се ризикува, најчесто треба да се размислува со ладна глава за бизнис чекорите кои ги преземаме. После завршувањето на секој чекор, размислете дали сте се соочиле со некоја пречка при неговото исполнување и кои лекции сте ги научиле. Откако ќе го направите тоа, размислувајте како да го спроведете следниот чекор. На овој начин ќе изградите концепт на „доживотно учење“ без големи ризици и ќе го унапредите своето работење.

2. Идејата ја одобрува пазарот 

- Advertisement -

Да се слушаат потребните на пазарот е поважно од било кога, а многу компании токму поради недоволна посветеност на истражување на пазарот, многу бргу исчезнуваат. Најдобрите претприемачи не даваат големи идеји, туку нудат идеји адаптирани на потребите на пазарот. Идејата може да биде голема, можеби пак добра за некој друг пазар, но доколку не носи профит, нејзината реализација можеби е залудна.

- Advertisement -

3. Не бидете „дволични“

Ако вашиот претприемачки потфат е општествено одговорен и бара постојано претставување пред медиумите, тогаш е најдобро да се одржува некоја константа. Доволно е само еднаш да настапите со различна порака во јавноста пред истата да почне да ве суди дека како компанија не се држите до вашите принципи. Запомнете, купувачите секогаш се поистоветуваат со брендот, а доколку покажете друго лице, ризикувате да ги оддалечите од вас.

4. Купувачите го одобруваат производот

Комуникацијата со пазарот никогаш не престанува, па само од таму можете да добиете конкретна повратна информација. Ако ним не им се доаѓа производот, можеби тој производ не е добар за пазарот кој првично сте го таргетирале. Но ова не треба да ве разочара, напротив, ваквата повратна информација може да ве насочи кон менување на бизнис стратегијата, а може да ви ја и олесни потрагата по нови пазари.

5. Грешете брзо и евтино

Слично како и во секојдневниот живот, во компанијата нема секогаш да го држите статусот непроменет, па после некои успеси, нормално е да има и падови. Како што рековме, ако се движите со мали чекори, секогаш кога ќе увидите дека сте направиле некоја грешка, ќе може лесно да се кренете на нозе бидејќи грешката ќе ви биде брза и лесно надминлива.

6. Добриот правник е клучен

Клучен дел на вашето работење ќе биде правникот. Најдете правник на кој му верувате, па така ќе добивате совети на кој начин да ја регистрирате компанијата и како да постапувате по други правни прашања. Можеби вие нема да ги препознавате разликите, но работата на правникот е тоа да го прави наместо вас и заедно да најдете решение за впуштање во претприемачките води.

7. Ништо без сметководител

По истиот концепот на лојалност, мора да го изберете и вашиот сметководител бидејќи тој е личноста која ќе може да го увиди и најмалиот проблем во вашето работење, а со оглед на тоа дека нема засекогаш да останете мал претприемач, некои работи мораат да бидат строго доверливи. Сметководителите се луѓе со искуство во работата, па освен средената документација, ќе го искористите и за по некој совет.

8. Користете социјални мрежи

Маркетингот не ретко е скапа работа, но за да си ги засилите позициите во светот на малите претпријатија, мора да знаете како да му пристапите на корисникот. Веќе најкористен начин на огласување денес стануваат социјалните мрежи. Бидете присутни на Facebook и Instagram како најпопуларни мрежи и искористите ги сите бенефити кои ви ги нудат.

Сподели!
- Advertisement -