Глобален индекс на иновативност 2018 – кои се најиновативните земји во светот?

- Advertisement -

До 2040 година на Земјата треба да има околу 10 милијарди луѓе, па ќе ни биде потребна 30% повеќе енергија. Освен тоа што ќе треба да генерираме повеќе енергија, тоа мора да го направиме на начин кој нема да и штети на околината. Земјите од целиот свет имаат различен пристап кон овој предизвик во зависност од нивните социоекономски, општествени и политички услови.

Токму поради врската меѓу енергијата и животната средина една од целите за одржлив развој на Обединетите Нации е обезбедување пристап до евтина, постојана, одржлива и модерна енергија за сите, а меѓународната соработка е неопходна за олеснување на пристапот до чиста енергија.

- Advertisement -

Годинешниот Глобален извештај, насловен „Да му дадеме енергија на светот со иновации“ (“Energizing the World with Innovation”“ е резултат на соработката на бизнис школата INSEAD, Универзитетот Корнел и Светската организација за интелектуална сопственост. Тие истражуваа како лидерите во глобалните иновации ги обединуваат знаењето, истражувањето и развојот и компаниите за да ги решат предизвиците како што е енергетската потреба на Земјата во иднина.

Кина годинава по прв пат се најде меѓу топ 20 најиновативни земји, додека САД испаднаа од топ 5. На прво место годинава е Швајцарија, а веднаш по неа Холандија, Шведска, Велика Британија и Сингапур. САД паднаа на шесто место, на седмо е Финска, па Данска на осмо место, Германија на деветто и Ирска на десетто место.

- Advertisement -

Македонија се наоѓа на 84-то место, а сите соседни земји се подобро рангирани од нас : Бугарија (37), Хрватска (41), Грција (42), Црна Гора (52), Србија (55), БиХ (77), Албанија (83).

Сподели!
- Advertisement -