Лондон инвестира 10 милиони фунти во дигиталната писменост на Западен Балкан

- Advertisement -

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, објави дека Велика Британија ќе инвестира 10 милиони фунти за да помогне во зајакнување на дигиталните вештини и зголемување на можностите за вработување на младите од Западен Балкан, пишува B92.net

Како што се наведува во соопштението на британскиот министер, објавено во време кога во Лондон се одржува Самитот Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, Џонсон објави дека Велика Британија ќе инвестира уште милион фунти за решавање на прашања од минатото, вклучувајќи ја идентификацијата на 12.000 жртви на војните од 90-тите години, кои и понатаму се водат како исчезнати.

- Advertisement -

Според наводите на Министерството, средствата ќе бидат наменети за обука на деца во повеќе од 4.500 училишта во овој регион со цел поттикнување на дигиталната писменост и вештини. Обуките ќе ги спроведе British Council, меѓународна организација за културни односи и образование на Велика Британија.

„Со обезбедување на пристап до дигитално образование, оваа програма ќе помогне да се поттикне креирање на новите генерации иноватори и претприемачи во земјите од Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -