Во недела ќе се одржи еко-натпревар за нула отпад во Градски парк

- Advertisement -

Денес е последен ден за пријавување на еко-настанот кој ќе се одржи на 15 јули, во недела, во Градскиот парк кој ќе опфати еко-натпревар, работилници, размена на книги итн. Настанот го организира еко-организацијата ViridiQ кои сакаат преку забавни игри и работилнци да поттикнат кревање на свеста за отпадот кој го создаваме.

Работилницата за нула-отпад ќе се одржи во градскиот парк кај Школка, со почеток од 12:00 (регистрација почнува од 11:45).

- Advertisement -

Пријавените ќе бидат поделени во тимови и ќе добијат 5 предизвици преку кои практично ќе ги применат дел од навиките со кои би го намалиле својот отпад. Сите учесници ќе добијат платнени торби со изненадување во нив, а тимот што ќе ги изврши предизвиците најбрзо ќе освои и награда.

Право на учество имаат сите млади над 15 години кои сакаат да ги позеленат своите навики и дирекно да ѝ помогнат на животната средина. Настанот ќе заврши во 15:00. За да се пријавите, потребно е да ја пополните апликацијата на следниов линк.

- Advertisement -

За повеќе информации, следете на Фејсбук настанот на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -