Швајцарски научници го направија првото меко вештачко срце во светот

- Advertisement -

Швајцарски научници го направија првото меко вештачко срце во светот. Вештачкото срце речиси совршено ги имитира движењата на човечкото срце и сите негови контракции. Научниците срцето го направија со 3Д печатење и употреба на калапи.

Силиконското срце може дури и да одржува пулс. Сепак, уште има еден голем проблем – силиконското срце издржува само 3.000 срцебиења затоа што материјалот не може да го издржи напорот. Тоа значи дека срцето може да работи 30-45 минути.

- Advertisement -

Но, оваа иновација е само навестување за потенцијалот на вештачките органи да спасуваат човечки животи во иднина.

Сподели!
- Advertisement -