ВИДЕО: Gravity Light е иновативно решение кое генерира струја под тежина

- Advertisement -

Gravity Light  е иновативно решение кое генерира струја при подигање тежина. Овој уред е комбинација од кинетичка и потенцијална енергија. Денес 1 од 5 луѓе или околу 1,2 милијарди луѓе во светот немаат струја и мора да користат опасни и отровни ламби на керозин за осветлување. GravityLight е создаден првенствено како безбедна, чиста и евтина алтернатива за ламбите на керозин.

Уредот е поврзан со систем од макара, за која е врзана кеса која се полни со камења или со песок. Како што тежината полека паѓа на подот, обезбедува околу 20 минути светлина.

- Advertisement -

Префрлањето од керозин на GravityLight ќе oвозможи заштеда на пари, повеќе продуктивни часови во денот и подобрено здравје затоа што GravityLight го елиминира јаглерод диоксидот и црниот јаглен кој го емитуваат ламбите на керозин.

Сподели!
- Advertisement -