ВИДЕО: Паметен камион за дистрибуција овозможува најлесно товарање и истовар на стока

- Advertisement -

Компанијата Liftboxx е организација со седиште во Белгија која е специјализирана за ефикасни решенија во транспортниот сектор. Liftboxx има 100-годишно искуство во оваа индустрија и една едноставна мисија – да ја направи логистиката што не можно побрза и поефикасна. Исто така, ставаат фокус на одржливоста за да направат квалитетни производи.

Тие неодамна го претставија својот нов камион за дистрибуција, кој е вистинското решение за густо населените области каде што е потребен поефикасен транспорт. Камионот им овозможува на корисниците многу брзо и лесно да товараат и истовараат стока на исто ниво со асфалтот. Корисниците можат да го купат Liftboxx во две верзии – од 3,5 до 5 тони и од 6,5 тони, а исто така можат да сатваат различни брендови на предниот дел. Ќе можат да избираат и меѓу ЕУРО 6 дизел, CNG и целосно електрична верзија.

- Advertisement -

Liftboxx камионот е долг до 5 метри и висок до 4 метри. Тежи 6.600 кг. Кога ќе се паркира за товарање камионот е 50 мм над тлото. Може да собере до 4 тони товар. Подот на Liftboxx може да се спушти на 50 мм од тлото за само неколку секунди. Компанијата проценува дека од 25 локации за достава, со овој камиот ќе се заштедат 18% или 1,5 час дневно за товарање и истовар.

Друга иновација кај овој камион е тоа што приколката се одделува од главата на камионот за неколку секунди и веднаш моѓе да се прикачи нова без возачот воопшто да излезе од камионот .

- Advertisement -

(Startup Selfie)

(фото: Liftboxx)

Сподели!
- Advertisement -