Трициклот Gy3о можете да го чувате во канцеларија, а ќе се произведува во Хрватска

- Advertisement -

Како и останатите деца во маало Роберт Влашиќ возел мотори, од „веспа“ и „томос“ до помоќни, се додека негов пријател не паднал од мотор и останал во инвалидска количка. Сите нагло престанале да возат мотори, но ја изгубиле агилноста за движење во гужва, како и економичноста и забавата која не ја нудат автомобилите.

„Сакав да направам возило забавно како моторцикл, а побезбедно за возење. Така направивме и кацига за возачот затворена со визир во која возачот влегува целосно, а е врзан со појас на 4 точки во анатомското седиште. Ставивме уште возило на три тркала, како најстабилно на тлото. Ротациското интуитивно управување со возилото наликува на одење“ објаснува Влашиќ, денес претприемач, директор на загрепската компанија Viking, која за својата замисла да го направи возилото Gy3o компанијата доби неповратни околу 280.000 евра од ЕУ фондови за регионален развој, пишува  Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Тие инвестирале и околу 140.000 евра сопствени средства за да ја овозможат реализацијата на проектот наречен „Преткомерцијален развој на иновативно нагибно-склопливо возило на електричен погон“. Viking е носител на проектот, а му помагаат Факултетот за механика и поморска архитектура и Факултетот за електротехника и компјутери, како партнери. Иако проектот го развиваат две години, до завршувањето на преткомерцијалната фаза, во мај идната година, има уште доста време да привлечат интерес.

„Прототипот е готов, но увидовме некои проблеми затоа што не го познававме доволно материјалот, па се обртивме на фалкултетите. Професорот Зоран Лули со својот тим ни помагаат да го компензираме тој дел, а професорот Марио Вражиќ ни помага на полето на електрониката“ наведува Влашиќ.

- Advertisement -

Според него, Gy3o нема конкуренција. Возилото е наменето за еден патник, има минимални димензии (широко е помалку од 80 см) и тежи околу 100 кг, па може да го собере во стан, лифт, канцеларија…

„Возилото се менува со менувањето на геометријата. Се навалува во сите правци и се менува по висина, ширина и должина. Така ги совладува сите препреки и кривини исто како што скијачите скијаат слалом. Потрошувачката на енергија е околу половина евро на 100 км“ објаснува Влашиќ.

- Advertisement -

Тоа е, всушност, електричен трицикл со ограничување на брзината на 25 км/ч и тогаш не му е потребна хомологација, па може да се вози веднаш. Може да постигне максимални 45 км/ч и тогаш се претвора во мопед од L2 категорија и се регистрира како скутер или мопед. 

„Аеродинамиката и стабилноста кои постојано ги развиваме овозможуваат Gy3o да поднесе и поголеми брзини“ додава Влашиќ.

Сето тоа е во фаза на развој, а производството е планирано за 2020 година. „Производството на шасијата е едноставно и можеме да ја направиме сами во халите на групацијата Končar во Загреб. Малите серии ќе можеме да ги правиме сами, но ако сакаме да го освоиме светот ни требаат силни инвеститори“ амбициозно најавува Влашиќ.

Покрај развојот на возилото, работат и на производен погон и сето тоа без капитал и во рамките на своите можности, вели директорот. „Одиме сами полека како и досега. Лудо или храбро, не знам што е точно. Додека не најдеме вистински инвеститор. Се надевам дека државата ќе ни помогне, за да не мора да заминеме оттука. Тука ни е добро, но тешко е. За жал, во фокусот на државата не се иновациите, што сигурно не уназадува како општество. Овде има генијалци кои не го исполнуваат својот потенцијал, заминуваат надвор и таму го исполнуваат лесно. Со ваков проект верувам дека некаде би биле среќни што ќе можат да ни понудат максимална помош“ говори Роберт Влашиќ.

Сподели!
- Advertisement -