Израелската тајна полиција финансира стартапи

- Advertisement -

Одамна е познато дека Израел е стартап нација, но во развојот на тамошните технолошки компании се вклучени и безбедносните служби. Противразузнавачката служба Shin Bet е задолжена за безбедноста на земјата. Таа објави дека од стотина компании избрала седум кои ќе влеза во нејзиниот стартап акцелератор. Станувва збор за приватни компании кои во соработка со експерти од Shin Bet ќе се занимаваат со задачи на полето на вештачката интелигенција, анализа на податоци и предвидување, автоматско скенирање на документи и надзор на информации, изјави портпаролот на тајната служба, а пренесува Poslovni Dnevnik.

Програмата ќе трае четири месеци. „Овој потег е одраз на нашето сфаќање дека надвор од службата постојат експерит кои можеби немаат вештини за работа во владина служба, но имаат нов пристап кон технологиите кои можеби ги сакаме“ велат од Shin Bet.

- Advertisement -

Секој стартап добил 50.000 долари финансиска инјекција за развој на алатки кои ќе ги користи Shin Bet во своите задачи. За разлика од извиканиот Мосад, кој се занимава со известување и разузнавање, Shin Bet е малку позната надвор од границите на Израел, но тоа не значи дека нивната улога во израелскиот безбедносен апарат е помалку битна.

Задачите на оваа служба вклучуваат противразузнавачка и противтерористичка активност и заштита на владините функционери и на израелските дипломатски мисии во странство. Освен Shin Bet, во финансирањето на компаните од акцелераторот The Xcelerato е вклучен и фондот за ризичен капитал на универзитетот во Тел Авив, TAU Ventures.

Сподели!
- Advertisement -