Францускиот малопродажен синџир Auchan воведе гласовен асистент за избор на вино

- Advertisement -

Во соработка со Google Home францускиот малопродажен синџир Auchan го лансираше првиот гласовен четбот асистент за вино и храна, кој купувачите ќе ги советува врз основа на нивните потреби и желби. Гласовниот асистент овозможува купувачите да го прашаат повеќе прашања, меѓу кои „Кое вино оди со ова јадење?“ или „Кое вино да го изберам ако моите пријатели сакаат…?“.

Новата платформа е достапна на Google Home и на мобилната апликација Google Assistant, а комбинира 1.200 референци за вино, вклучувајќи и варијации од новиот и стариот свет со различни цени. Од Auchan велат дека ова иксуство ќе многу ефикасно и брзо. Купувачите, едноставно, ќе му кажат на четботот каков оброк ќе готват, која боја на вино ја сакаат и до која цена. Потоа тие ќе го добијат експертскиот совет на Auchan.

- Advertisement -

Клер Коралевски, директорка за иновации во компанијата, изјави дека гласовниот асистент е технологија која го отвора патот до попријатно корисничко исксутво, па токму затоа нема да ја ограничат оваа услуга само на периодот на фестивалите на вино туку сакаат четботот да биде во центарот на нивната стратегија.

Сподели!
- Advertisement -