За разлика од DuckDuckGo, StartPage повлекува и резултатите од пребрување на Google, кој и понатаму е најдобар на светот, притоа прикривајќи го вашиот идентитет. StartPage му плаќа на Google за резултатите, но за возврат не ги испраќа IP адресите или што било по што може да се препознае крајниот корисник. Со помош на овој пребарувач можете да ја сокриете вашата IP адреса и од други веб пребарувачи и да ги користите услугите на веб пребарувачи надвор од САД и Европската унија.
Дел од изворниот компјутерски код на пребарувачот DuckDuckGo е отворен код. SearX, пак, е целосно отворен и достапен за кој било што сака да провери како работи или да го преземе и да го преуреди во согласност со своите потреби и желби. Овој метапребарувач агрегира податоци од повеќе различни пребарувачи (DuckDuckGo, Qwant, StartPage итн.) и нуди најдобра достапна мешавина од резултати. Нема огласи, што е дополнителен бонус.
Peekier нуди помалку-повеќе исто што и другите веќе споменати пребарувачи. Се разликува по тоа што на ограничено време ги чува пребаруваните термини и по уникатниот начин на прикажување на резултатите од пребарувањето во облик на картички преку целиот екран.
За разлика од другите пребарувачи на листата, Disconnect не прикажува резултати од пребарувањето на својата страница, туку ве пренасочува преку својот пребарувач за да ја зачува вашата приватност. Резултатите потоа ги прикажува во пребарувачот кој сте го избрале. Немаат ни веб страница на која може да се пребарува, туку треба да го преземете и да го инсталирате додатокот за пребарувач. Немаат огласи, а заработуваат од продажба на услуги преку виртуелна приватна мрежа.