ВИДЕО: Rimac Automobili почна да тестира беспилотни возила по улиците во Загреб

- Advertisement -

Rimac Automobili на својата Facebook  страница објави видео на кое се гледа беспилотен автомобил кој се тестира по улиците во Загреб. Во текстот за видеото објаснуваат дека станува збор за еден од автомобилите со кои ќе се тестира автономното возење, пренесува Zimo.

Нашиот им за автономно возење стартуваше своја флота возила за истражување за да се забрза развојот на системите за автономно возење и заштитниот знак на C-Tw – инструкторот за возење. Флотата ќе се состои од повеќе типови возила за одредени цели и услови со поголеми перформанси, а повозбудливи возила ќе бидат претставени идната година“ се вели во објавата.

- Advertisement -

Возилото прикажано на видеото има осум камери, шест радари, 13 ултразвучни сензори, инерцијални мерни единици и исклучително прецизен GPS. Возилото може со помош на системот за вештачка интелигенција да се контролира одвнатре и ќе се користи за собирање податоци и тестирање на алгоритмите на компанијата, додаваат од Rimac Automobili.

Сподели!
- Advertisement -