Starbucks и McDonalds заедно ќе прават биоразградливи чаши

- Advertisement -

Лесно е да си купиме од омиленото кафе наутро по пат додека одиме на работа, а потоа да ја фрлиме чашата без да размислиме каков ефект ќе има врз планетата. Иако се најголеми конкуренти, Starbucks и McDonalds се согласија да соработуваа и заедно да дизајнираат нова биоразградлива чаша која ќе може и да се рециклира. Тие планираат чашата да биде готова во текот на наредните три години.

„Има некои полиња на кои не сме конкурентни. Сите мора да најдеме решенија и да го гледаме јавниот интерес. Во тоа сме слични. Станува збор за општествен проблем и постои начин да соработуваме не како конкуренти туку како решавачи на проблеми. Мора да ја искористиме нашата колективна моќ за да дадеме позитивен придонес“ велат од McDonald’s.

- Advertisement -

Заедно двете компании вредни повеќе милијарди долари се одговорни за дистрибуирање на 4% од вкупно 600 милијарди платични чаши во светот годишно. Иако и пластичните и хартиените чаши на McDonalds и на Starbucks, технички,  може да се рециклираат, многу малку се рециклираат поради недостиг од соодветна инфраструктура.

Starbucks претходно месецов најави дека ќе ги забрани пластичните сламки со пијалаците како дел од нивната иницијатива до 2020 година целосно да се исфрлат од употреба. Се проценува дека само во САД повеќе од 500 милијарди пластични сламки се користат секој ден. Иако пластичните сламки се направени од полипропилен, многу компании за рециклирање не ги прифаќаат, а потребни се околу 200 години за да се распаднат до микропластика, пишува Green Matters.

- Advertisement -

Иако соработката на двата гиганти можеби изненади многумина, компаниите веќе некое време дискутираа за решавање на проблемот со ефектите што ги има амблажата која ја користат врз животната средина.

- Advertisement -

Сепак, со овој предизвик нема да се соочат сами. McDonalds се приклучи на предизвикот NextGenCupChallenge, лансиран од Starbucks, со кој се повикуваат иноватори, претприемачи, индустриски експерти и компании за рециклирање да понудат идеи за идната генерацја чаши кои ќе се рециклираат и ќе се распаѓаат. Натпреварот почнува во септември, а седум победници ќе добијат по 1 милион долари за да ги реализираат своите идеи.  Starbucks донираше 5 милиони долари, а McDonald’s неодамна ја донираше истата сума.

Сподели!
- Advertisement -