Компанијата Hyperloop Transportation Technologies во април годинава потпиша договор со Обединетите Арапски Емирати за градење на првата комерцијална пруга меѓу Дубаи и Абу Даби, но сега склучи договор и со Кина. Суперсоничниот Hyperloop воз кој го замисли Илон Маск ќе стигне и во кинеската провинција Гижу, а првата делница од 10 км ќе биде изградена во префектурата Тонгрен.
Возот ќе се движи по цевки под вакуум. Половина од средствата за изградба на пругата ќе ги обезбеди Тонгрен, а половина HTT и нивните инвеститори, пишува Vidi.hr. Првата делница од пругата ќе биде само почеток на идната огромна мрежа на Hyperloop која ќе се протега низ централна Кина. Од Hyрerloop TT истакнуваат дека ова нема да биде пруга за тестирање, туку комерцијална пруга, но веројатно на неа нема да можe да постигне суперсонична брзина.