Турската компанија „Мурат Тиџарет“ почнува да гради фабрика во Скопје

- Advertisement -

Компанијата „Мурат Тиџарет“, која е специјализирана за производство на електрични кабли за автомобилската индустрија, планира да креира 300 нови работни места во првата фаза. Производството е наменето за извоз на европскиот пазар.

На отворањето денес ќе присуствува и премиерот Зоран Заев во ТИРЗ Скопје 2. Покрај премиерот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски и Ејул Ѓулсој, директор на компанијата „Мурат Тиџарет“.

- Advertisement -

Компанија планира да инвестира 6,6 милиони евра за изградба на фабрика за производство на кабли со површина од 18.000 квадратни метри во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

- Advertisement -

Договорот за закуп на градежно земјиште во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2 во декември лани го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Александар Младеновски и генералниот директор на компанијата „Мурат Тиџарет“, Ејуп Гулсој.

Се очекува фабриката да биде изградена до крајот на 2018 година.

- Advertisement -

„Мурат Тиџарет“ е добавувач на производи за голем број компании од автомобилската индустрија и вработува 2.200 луѓе низ светот.

Сподели!
- Advertisement -