Почна изградба на нова фабрика од автомобилската индустрија во Бунарџик. Инвестицијата на турската компанија Мурат Тиџарет првично ќе изнесува околу 7 милиони евра, со тенденција за натамошно зголемување. Изградбата ќе се одвива во три фази. Инвеститорот најави фабриката интензивно да почне со работа на почетокот од следната година а првично ќе вработат 300 лица.
Фабриката се простира на површина од 18.000 м2. Ќе произведува делови за потребите на автомобилската индустрија за европскиот и американскиот пазар.
Оваа инвестиција е четврта турска пласирана во економските зони во земјава. Мурат Тиџарет е интернационална компанија со свои претставништва во САД, Мексико, Кина и Европа и имаат над 2.000 вработени ширум светот.
„Мурат Тиџарет“ во Македонија ќе произведува кабли и електрични инсталации за автомобилската индустрија, а производството ќе биде наменето за европскиот пазар и САД.