Две компании се откажаа од грантот од Фондот за иновации и технолошки развој

- Advertisement -

Компаниите ДОО Гинис 3Д Прилеп и КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје ги повлекоа своите инвестициски проекти. Денеска тие испратија известувања до Фондот за иновации и технолошки развој за својата одлука.

ДОО Гинис 3Д Прилеп за проектот „Гинис принт 2018“ побара средства од Фондот во износ од 9.999.338,40 денари и сопствено учество од 23.331.789,60 денари. Компанијата КАСТ ИНВЕСТ ДОО Скопје, пак, за проектот „Ја лееме нашата иднина“ доби 9.990.000,00 денари од ФИТР и сопствено учество од 23.310.000,00 денари.

- Advertisement -

И двете компании се добитници на средства под инструментот технолошки развој.

Сподели!
- Advertisement -