Им дојде крај на деновите кога ви паѓаа телефоните и првото нешто што се кршеше веднаш беше екранот. Од Samsung открија дека направиле панел за паметен телефон кој не се крши! Toa е идната генерација органски ЛЕД дисплеи заштитени од кршење со посебен супстрат или слој.
Екранот содржи и зајакната пластика, што значи дека корисниците, теоретски можат да го испуштат од рака или да го свиткаат телефонот без да се грижат дека ќе пукне. Новиот дисплеј се разликува од постојните флексибилни дисплеи по тоа што тие се направени од стакло прелиено со заштитен слој, кој најчесто се крши кога ќе падне, велат од Samsung. Другите флексибилни дисплеи, пак, како тој на Apple се покриени со стакло, кое се крши и се губи поентата да се става некршлив дисплеј под него пишува.
За да утврдат дали дисплејот навистина не се крши од Ѕamsung вршеле тестирања со компанијата Underwriters Laboratories (UL), која спроведува тестови за безбедност за американското Министерство за труд. Меѓу тестовите имало и такви во кои дисплејот се фрлал 26 пати по ред од висина од околу 1,2 метри, како и тестови на температура од 21 степен Целзиусов и на -35. Тестовите покажале дека дисплејот и понатаму работел нормално без никакво оштетување на предниот дел или на рабовите.
Ѕamsung објави и видео на кое се гледа како дисплејот не се крши под ударите со чекан. Не е познато кога овој некршлив дисплеј ќе се најде во уредите на Samsung, но веројатно наскоро ќе се искористи за некој од новите модели телефони.