Понекогаш границата меѓу животот и смртта е прашање на секунди. За ранетите војници на бојното поле минутите додека да добијат медицинска помош се од животно прашање. Токму затоа DARPA ( Defense Advanced Research Projects Agency) бара начини да се забават биолошките процеси и медицинските лица да добијат поголеми шанси да им ги спасат животите, пишува Inhabitat.
Можеме многу да научиме од животот околу нас. На пример, некои организми како водената мечка можат привремено да не живеат доколку има опасност. DARPA сака да ја искористи таа нивна способност за да направи нешто слично за војниците. Треба само да се открие како да се забават клеточните процеси и како да се вратат во нормала без да се направи некаква штета.
За да го реши тој проблем DARPA лансираше петгодишна Biostasis програма која развива биохемикалии кои помагаат да се забави клеточнат активност, за медицинските лица да можат помогнат без да се прекинат виталните знаци.