Социјалните мрежи ги „заробуваат“ децата на ниво на 3-годишници

- Advertisement -

Напредокот на технологијата, Интернетот и социјалните мрежи драстично го променија начинот на кој што живееме. Дел од тие промени се позитивни, а дел негативни. Според британската научничка Сузан Гринфилд особено загрижувачко е влијанието на социјалните мрежи и видео игрите врз децата и младите, кои што можат да имаат опасни последици.

Дека нешто не е во ред можеме и самите да заклучиме врз основа на информациите кои кружат на Интернет. Поранешни вработени во Фејсбук и други компании признаваат дека социјалните мрежи се направени намерно за да предизвикаат зависност, а загрижувачки се информациите за деца кои се навлечени на видео играта Fortnite.

- Advertisement -

Поради оваа игра децата поминуваат ноќи без спиење, па дури и не одат во тоалет за да не мора да ја прекинуваат играта. Има случаеви на 0-годишни деца кои се лекуваат од одвикнување од зависноста од оваа игра затоа што целиот живот им  се претворил во Fortnite.

- Advertisement -

Истражувањето на Гринфилд покажало дека одредени родители не  помогнале децата да се одвикнат од екраните и да поминат повеќе време со нив, туку дури и платиле инструкции за да бидат што подобри во оваа игра.

Годините поминати во користење на Интернет и видео игри креирале генерации на деца кои се ментално и емоционално на ниво на деца од 3-години, прекупредува Гринфилд. Поради константни дразби од бројните екрани со кои се опкружени децата не се во состојба сами да размислуваат, нормално да комуницираат или да сочувствуваат со другите луѓе.

- Advertisement -

Гринфилд уште пред неколку години предупреди на потенцијалните опасни последици од социјалните мрежи и видео игрите кои г менуваат човековиот мозок. Таа сега предвидува дека децата во иднина ќе имаат помало ниво на самодоверба, ќе бидат депресивни и нема да имаат развиени социјални и комуникациски вештини.

Наместо сурфање по социјалните мрежи и видео игрите децата треба да поминуваат што повеќе време во активности кои имаат почеток, средина и крај како што се читање книги и спортување. Наместо да играат на некоја конзола треба да им се даде кутија со играчки за да ја развиваат креативноста и имагинацијата.

Денешните деца не вежбаат, не се дружат со врсниците за време на оброците во училиште и не раскажуваат приказни, изјави Гринфилд  за британски Телеграф.

Со овој растечки проблем треба да се заминаваат и регулаторните тела, но Гринфилд пред се упатува предупредување до родителите за да бидат свесни за ризиците од технологијата.

Наш предлог е да набавите Kaspersky Safe Kids.

Сподели!
- Advertisement -