Франција најави дека идната година ќе воведе казнени мерки кои ќе ја зголемат цената на потрошувачката стока доколку е спакувана во нерециклирана пластична амбалажа, објави Министерството за заштита на животната средина.
Тие мерки се дел од пакетот кој владата има намера да го активира, а вклучува и воведување систем за надомест за пластични шишиња, изјавиј државната секретарка за еколошка транзиција, Брун Поарсон.
„Не е доволно само да се објави војна на пластиката, мораме да ја трансформираме француската економија“ додаде таа.
Според новите планови, производите во рециклирана пластична амбалажа би можеле да бидат до 10% поевтини, а тие што соржат нерециклирана пластика и до 10% поскапи, нагласи Поарсон. Франција моментално рециклира околу25% од пластиката.