ВИДЕО: Овие дрвjа може да генерираат струја во вашиот двор

- Advertisement -

Wind Tree се дрва кои можат да генерираат струја и до најслабиот ветар. Што значи мож да се постават на која било локација – од некое поле или висина каде што има силни ветришта до некоја урбана средина и во нечиј двор.

Реалноста на климатските промени не тера што побрзо да се префрлиме на користење енергија од чисти и обновливи извори, па така земји од целиот свет исталираат турбини на ветар и соларни панели.

- Advertisement -

Но, Wind Tree е вештачко дрво дизајнирано не само за индустриска примена, туку за лична употреба. За инсталацијата на традиционални турбини на ветар треба многу време, енергија и сер разбира, пари, и таа технологија не е практична за поставување помеѓу масивните градски структури, а уште помалку во нечија градина.

За тоа е совршено Wind Tree. Вештачките дрвја имаат три челични стебла и други помали гранки на кои се поставени 36 микро турбини во форма на лисја. И најслабиот ветар може да ги придвижи микро турбините и да создаде чиста енергија.

- Advertisement -

За да се постави едно Wind Tree потребни се само 11 квадратни метри радису на земјиште. Како што велат од компанијата која го создаде, New World Wind, едно Wind Tree може да генерира до 83% од енергијата што ја користи едно француско семејство.

За да може да се поставува во урбани средини New World Wind ја креираше првата микро турбина во светот позната како Aeroleaf. Конусната форма на Aeroleaf овозможува да ја лови енергијата на ветрот во опсег од 360° и потребен е ветар од само 2,5 метри во секунда за да се генерира енергија.

- Advertisement -

New World Wind ја дизајнирале турбината да ротира без да прави бучава. Компанијата нуди и дурги два слични производи кои ја ловат енергијата на ветрот: Modular Tree и Bush. И двата ја имаат истата Aeroleaf технологија, но имаат помал дизајн кој е посоодветен и за помала градина или двор. .

Wind Tree може да се нарача по цени кои почнуваат од 49,990 евра. Modular Tree се продава по цени кои почнуваат од 28,800 евра, а Bush од 21,500 евра.

(Startup Selfie)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -