Хрватската 3D подморница со гласовно управување ја бараат и научници и војска

- Advertisement -

Јосип Ороз, Ловро Стипановиќ и Мартин Солаковиќ се млад тим од Самобор кои за својата иновација 3D научна подморница добија златен медал и признание од Кинеската асоцијација на иноватори, во конкуренција на 450 иноватори од 25 земји

На тродимензионалното сомоборско пловило ова не му е прва награда. Кон крајот на 207 година овој тим под менторство на професорот Иван Влаиниќ доби по две златни и сребрени медали и една бронзена, како и посебно признание од Корејската агенција за промоција на иновации на меѓународната изложба на иновации во Нинберг, Германија меѓу 1.000 иновации од 30 земји.

На развој на оваа подморница Јосип, Ловро и Мартин работат во последните три години, а се започнало во кабинетот на професорот Влаиниќ во Средното техничко училиште во Самобор.

- Advertisement -

“Се запознавме во училиште и уште истиот ден започнавме со работа. Секој од нас имаше некои предзнаења кои заеднички сакавме да ги надградиме“, раскажуваат за Пословни дневник овие млади ентузијасти непосредно пред да заминат на иноваторски натпревар во Кина.

Нивната иновација решиле целосно да ја испечатат нa 3D принтер и со оглед на тоа дека дури 84% од компонентите се направени со 3D принтер таа се нарекува 3D подморница.

- Advertisement -

“Подморницата има осум мотори кои овозможуваат слобода на движење, има соларно полнење на батерија и контрола преку блутут и интернет и најважната карактетистика е – неограничен досег. Преку GSM сигналот се поврзува на мобилен интернет што овозможува каде било во светот да се примаат и испраќаат податоци од неа. Управувањето со помош на апликација го надградивме и со гласовно управување, а тоа всушност предизвикува воодушевување на саемите на кои се претставуваме“, ги објаснуваат перформансите на подморницата.

За овој изум да стане функционално smart пловило потребни се големи средства. Тимот проценува дека неговиот основен модел би чинел околу 1.500 евра, но цената расте зависно од опремата која ќе ја бараат купувачите. Подморницата има широка примена поради сите карактеристики и поврзаност со камера која во реално време пренесува слика поради што е употреблива за истражување на морскиот свет или езерско дно, па дури и за потрага по давеници.

- Advertisement -

“Успешното учество на саеми и натпревари ни дава корисни информации дека на пазарот има интерес за ваков производ и добивме дури и конкретни понуди, вклучително и од војска“, велат тие.

Во оваа фаза целта на тимот млади иноватори е да го усовршат самиот производ пред комерцијално да се испробаат на пазарот.

Сподели!
- Advertisement -