Саудискиот државен инвестициски фонд сe интересира за Tesla?!

- Advertisement -

Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF) понуди план со кој би бил дел од инвестициската група која ќе ја приватизира Tesla

Илон Маск официјално потврди дека мистериозните 70 милијарди долари, кои  ги понуди за да ги откупи акциите на Tesla Motors се обезбедени од Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Тој откри дека Саудијците му понудиле да ги купат акциите на Tesla за две години и ветиле дека ќе го финансираат ако се согласи. Маск го објаснува интересот на Арапите за електромобилите, поради желбите и потребата да се намали зависноста на кралството од нафтата.

Последната средба меѓу Маск и претставниците на Саудиска Арабија се одржала на 31 јули по што тој  зборуваше за „обезбедено финансирање” во неговите најави за преземање на Tesla од берзата минатата недела.

- Advertisement -

Членовите на одборот на Tesla се подготвуваат да се сретнат со своите финансиски советници оваа недела, за да го оценат предлогот на Мaск.

Сподели!
- Advertisement -