Сугарески: Автопатот Миладиновци-Штип готов до крај на септември

- Advertisement -

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува до крај на септември или почеток на октомври да биде завршен автопатот Миладиновци-Штип, со евентуално мало пролонгирање за помали работи, а до крајот на месецов во Собранието да биде доставен и законот за анекс договорот за автопатот Кичево-Охрид.

– Очекувам градежните активности согласно рокот за изградба на автопатот Миладиновци Штип да бидат завршени до крајот на септември-почетокот на октомври. Евентуално би останале одредени помали работи како што е поставување знаци кои можеби ситно би го продолжиле рокот, изјави денеска Сугарекси, при посетата на општина Кисела Вида.

- Advertisement -

Сугарески дополни дека анекс договорот со кинески „Синохидро“ за изградба на автопатот Кичево-Охрид во наредните денови треба да помине на владина седница по што до крај на месецов ќе се достави во Собранието.

– Наредните денови ќе биде на владина седница за да ги ослободиме тие 230 милиони евра и да може да се интензивираат сите работи кои се подзаостанати во делот на Кичево-Охрид бидејќи согласно постоечкиот договор не можеа од сите ставки да се користат средства без оглед дали станува збор за ископување, асфалтирање или нешто друго, појасни Сугарески.

- Advertisement -

Тој дополни дека интензивно се работи на изградба на експресните патишта Ранковце-Крива Паланка и Градско-Прилеп, а завршени се голем број реконструкции на патишта и тендерски постапки за активности на патните правци кои би почнале од крајот на месецов.

Како што информира Сугарески, со пренемена или со евентуален ребаланс ќе се обезбедат парите што и се потребни на МЖ Инфраструктура за исплата на побарувањата по основ на експропријација за изградба на пругата кон Бугарија.

- Advertisement -

– Имаме сериозно интензивирање на градежната активност и во делот на изградбата на државните патишта, железницата, водоводните и канализациските мрежи за кои имаме сериозен процент на реалзиација на капитални иунвестиции. Очекувам дополнително да биде инвестирано и во третиот и во четвртиот квартал оваа година. Очекувам третиот, а особено четвртиот квартал кога ќе дојде плаќањето на сите тие работи да имаме сериозно зголемување, а со тоа и на економскиот раст, изјави Сугарески.

Извор: МИА

Сподели!
- Advertisement -