ВИДЕО: Овој мебел се контролира со гласовни команди

- Advertisement -

Навистина е проблем за луѓето со инвалидитет да пристапат до некои згради или кога се обидуваат да готват или да работат во градина. Инспириран од пријател со мускулна дистрофија индустрискиот дизајнер Ноур Малаеб го креираше Relay, парче мебел кое се трансформира во нешто помеѓу мутифункционална масичка, потпора за одење и роботски асистен кој се контролира со гласовни команди.

Relay е стилски дизајниран и наменет да им помогне на луѓето како пријателот на Малаеб, пишува TreeHugger. Секое парче мебел може да врши некоја едноставна, но битна задача за корисникот – од носење тешки предмети по дома до помагање некој да застане на нозе, давање екстра поддршка и стабилност при движење од соба во соба. Роботите Relay реагираат на интуитивни гласовни команди, но луѓет можат да комуницираат со нив и преку различни интерфејси.

- Advertisement -

Засега Relay е само прототип, но Малеб се надева дека ќе успее да го доразвие, а потоа и да добие одобрение од Агенцијата за храна и лекови на САД, како и потенцијално да направи модуларен сет од делови кои ќе се адаптираат на конвенционалниот мебел за да бидат полесни за користење за луѓето со инвалидитет.

Сподели!
- Advertisement -