Анализата на Ројтерс која се базира на податоците од централните банки од пет водечки трговски центри покажа дека просечниот дневен обем на тргување со валути во Британија во април годинава достигна рекордни 2.700 милијарди долари, што е 23% повеќе во однос на април претходната година.
Оваа стапка на пораст е двојно поголема од онаа на второпласираните САД каде порастот изнесуваше 11% и обем на тргување од 994 милијарди долари.
Тоа значи дека две петини од глобалната купопродажба на валути се одвива во Велика Британија, а во најголем дел во Лондон.
[quote]Просечната дневна вредност на трансакциите во Британија е отприлика колку вредноста на британскиот БДР, пишува Ројтерс. [/quote]
Третото место припаѓа на Сингапур, каде се забележува пад на обемот на тргување. На четврто место е Хонг Конг, а на петто Јапонија.
Банкарите и трговците го толкуваат вкупниот раст на трговијата со валути со политичката неизвесност, како што се Брегзит, претседателскиот мандат на Доналд Трамп и заканите за трговска војна во која се вклучени САД, Кина и ЕУ.
Добрата позиција на Лондон доаѓа и од долгата временска зона меѓу Азија и САД. Повеќето важни вести за пазарот се објавуваат додека е работно време во Лондон.