Ова е првиот лебдечки ранец во светот

- Advertisement -

Кога се патува авантуристички, без куфери и без да се носи целата покуќнина со нас, најпрактично е да се земе ранец и во него да се стави најнеопходното. Но, дури и тогаш притисокот кој го прави ранецот врз грбот е огромен, посебно ако пешачиме, ако се искачуваме по угорнина и сл. Каков ранец и да носиме, на крајот од денот ќе ја почувствуваме целата тежина на грбот кога ќе легнеме.

Но, тоа сигурно нема да се случи со ранецот Hover Glide, за кој наскоро ќе стартува кампањата на Kickstarter. Ова е првиот лебдечки ранец во светот кој ќе го намали притисокот врз грбот за 86%. Тој што го носи на грбот носи цврста рамка за која е прицврстен ранецот со јажиња како за банџи скокови. Така се создава систем за суспензија кој му овозможува на ранецот слободно да се движи додека одите.

- Advertisement -

Ранецот ќе го има во четири верзии: Trekker од 25 кг за планинарење, Commuter од 11,3 кг за секојдневна употреба, Hiker со слична големина за дневни патувања и Tactical за воена примена.

Сподели!
- Advertisement -