Специјалитетот на скара познат како “Лесковачка скара“ веќе е заштитетен и брендиран, пишува српски Блиц.
Како резултат на бугарско-српски проект финансиран од Европската Унија, Стопанската комора на Србија за првпат ќе стане носител на заштитен знак. Во рамките на овој проект од српска страна е брендирана позната лесковачка скара, а од бугарска лебот од житарката спелта.
“Никој повеќе после 1 ноември нема да може да го користи терминот “лесковачка скара“ако не добие сертификационен жиг од Комората на Србија“, вели Горан Јовиќ од Стопанската комора.
Бугарско-српската соработка нема да заврши со овој проект. Двете страни најавуваат дека заеднички ќе продолжат да работат и да соработуваат за промоција на традиционалните производи.