ВИДЕО: Нова технологија која наоѓа вена за земање крв уште при првиот обид

- Advertisement -

Ви се случило ли да појдете на доктор за да направите анализа на крв, а медицинската сестра ве боцка пет пати додека да најде вена? Ако сте едни од луѓето кои имаат ваков проблем, оваа нова технологија ќе ве спаси од непотребна болка и модринки по рацете.

Благодарение на оваа технологија медицинските сестри ќе можат да ги видат сите вени на раката. Уредот Vein Viewer од Christie Medical Holdings го олеснува пронаоѓањето на најдобрите вени за земање примероци од крв. Така може да се стави инфузија уште при првиот обид.

- Advertisement -

Vein Viewer користи речиси инфрацрвени зраци и компјутерска програма за на кожата да проектира слика во висока резолуција од распоредот на вените на вашата рака. Уредот може да се постави некаде во близина и не мора да се држи во рака.

Сподели!
- Advertisement -