YouTube доби нова опција за организирање хуманитарни акции

- Advertisement -

Познатиот видеосервис воведе опција за донации со помош на која креаторите на содржини и гледачите ќе можат полесно да донираат пари за избрани добротворни цели. YouTube замо што ја активираше новата опција, која се вика YouTube Giving. YouTube Giving моментално е во фаза на бета тестирање , што значи дека постои одредена шанса дека дел од функциите ќе се сменат, но основната идеја останува иста.

Општо е познато дека голем број креатори на содржини на YouTube дел од заработката ја донираат во добротворни цели и понекогаш бараат од своите гледачи да им помогнат да соберат пари за некоја племенита цел, а YouTube Giving е тука за да им помогне во тоа.

- Advertisement -

Како што е објаснето во блогот за јутјубери, овој систем има четири клучни елементи. Првиот елемент се собирачи на средства, односно Fundraiser. Тие овозможуваат непрофитните организации за реализираат собирање на донации покрај самите видеа и моментално важат само за установи во САД. Корисниците покрај видеата ќе можат да протиснат на копчето „донирај“ и потоа ќе го уплатат саканиот износ.

Социјалното собирање средства овозможува поголем број јутјубери да собираат пари за иста цел. Во принцип, ова ги обединува нивните ресурси и дозволува колективно собирање средства за иста добротворна цел, пишува  tportal.hr.

- Advertisement -

Спарувањето кампањи е поврзано со собирањето средства. Како што кажува и самото име, ова овозможува креаторите зедно да собираат пари за иста акција, а целта е поттикнување на другите да донираат пари.

Super Chat за добро е иста работа како и обичниот Super Chat, а намената е испраќање пари на избрани непрофитни организации.

- Advertisement -

YouTube Giving моментално уште е во развој и барем засега е достапен само за одреден круг на јутјубери. Пуштањето во употреба за сите зависи од реакциите и резултатите на бета тестирањето. Уште не е нејавено активирањето на новите опции за нашиот регион.

Сподели!
- Advertisement -