Во Велика Британија почнува со работа најголемата фарма на ветар – среде море

- Advertisement -

Најголемата фарма на ветар во светот поставена среде вода вчера почна со работа во близина на северозападниот брег на Англија. Фармата ќе произведува доволно енергија за 600.000 домови, а секоја од вкупно 87 турбини е двапати повисока од кулата на која е поставен часовникот Биг Бен.

Компанијата Walney Extension ќе управува со најголемата фарма на ветар во светот, London Array. Walney Extension е дански проект во Ирското Море. Турбините на London Array се високи 190 метри. Фармата се наоѓа на 19 километри од островот Волни и покрива површина од 145 квадратни километри. Ќе може да генерира 695 мегавати, а за поврзување на турбините се искористени 300 км кабли.

- Advertisement -

Изградбата на проектот започна во 2015 година, а ја комплетираше данската компанија Orsted, со поддршка од два дански пензиски фондови, пишува DailyMail. Ножевите на секоја турбина се произведени во Велика Британија, а добавувачите за проектот сите се од Велика Британија.

За оперирањето и одржувањето на фармата ќе се грижат околу 250 луѓе. Велика Британија е глобален лидер во производство на енергија од ветар со фарми поставени во вода, а Walney Extension е само потврда за успехот на земјата.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -