Јапонски научници ќе го тестираат првиот вселенски лифт

- Advertisement -

Идејата за вселенски лифт звучи како чиста научна фантастика. За многумина е тешко да сфатат како е можно на Земјата да се влезе во просторија, да се притисне копчето „вселена“ и следниот пат кога ќе се отвори вратата од лифтот да гледаат во пространството на космосот. Меѓутоа, јапонски научници се подготвуваат за вселенски експеримент во кој ќе тестираат дел од дизајнот за лифт кој би не поврзал со вселената.

Ова ќе биде прв ваков експеримент во историјата, а идејата за футуристичкиот лифт може да биде исклучително поволна алтернатива за испраќање астронаути и товар во вселената, иако самата изградба би била колосален глобален проект.

- Advertisement -

Во текот на експериментот научниците ќе спојат два мали сателити од 10 сантиметри со челичен кабел долг 10 метри. Нив ќе ги исфрлат од Меѓународната вселенска станица, а на кабелот ќе има мал резервоар кој со помош на мотор ќе се движи долж кабелот – баш како еден лифт.

Камерите на сателитите ќе го следат движењето на лифтот во орбитата. Нивниот мал систем ќе полета во вселената на 11 септември со ракета од Јапонија. Јапонскиот весник Mainichi наведува дека и претходно имало експерименти во кои кабел се поставувал во вселената, но ова е првиот во кој долж кабелот се движи цилиндар. Ако овој експеримент успее, ова ќе биде голем чекор напред кон креирањето на вселенскиот лифт.

- Advertisement -

На проектот со научниците од Жизуоке работи и компанијата Obayashi, која уште пред неколку години разви дизајн на лифт кој одеднаш ќе може да пренесе 30 луѓе до вселената. Во конечната верзија вселенскиот лифт би бил систем со кабел долг 36.000 километри и ќе се протега од Земјата до станица во орбитата, на која ќе има лабораторија и простор за живеење.

Лифтот би бимал шест овални вагони долги 18 метри и би бил широк 7,2 метри. Кон вселената би се движел со брзина од 200 км/ч, меѓутоа патот до крајната станица би траел 9 дена. Сега доаѓаме до главниот дел од приказната, а тоа е цената на проектот – 90 милијарди долари! Доколку научниците успеат да го направат овој лифт, оперативните трошоци за лифтот би биле 100 пати помали отколку летот на еден шатл.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -