ПАРУСАН – решение за третман при опаѓање на косата

- Advertisement -

 Опаѓање на косата при чешлање? Во последно време забележувате поголем број влакна на четката за коса? Прашањето е дали и кога треба да почнете да дејствувате кога ќе ја забележите оваа појава? Бидејќи влакната имаат природен процес низ кој минуваат кој опфаќа раст, стагнација и опаѓање, одговорот зависи од тоа дали опаѓањето што го забележувате се должи на истекувањето на нивниот животен циклус или пак е последица на друг фактор.

Циклус на растење на влакното и причини за опаѓање

Влакното поминува низ неколку различни фази и тоа: анагена фаза во која неколку години останува на главата и се храни преку коренот, потоа доаѓа фазата на преминување (катагена фаза) и на крајот фаза на мирување/опаѓање. Ова е природен циклус низ кој минува влакното и истиот може да биде нарушен од различни причини како што се: стрес, хормонална нерамнотежа, лоша исхрана, агресивни третмани, трајни фризури, употреба на лекови, медицинска состојба. Кога се случува некоја од овие наброени причини, тогаш се нарушува природниот процес на растење на влакното односно се случува следново: влакната (без разлика дали се млади) преминуваат од анагена во телогена фаза, иако под нормални услови со години би останале на главата.

Ако губите по околу 100 влакна на ден нема потреба за грижи, но ако забележите дека косата ви опаѓа во поголем обем, а влакното станува потенко и поретко, време е да преземете нешто.

- Advertisement -

Што претставува дифузно опаѓање?

Кога косата опаѓа рамномерно низ целата глава тогаш се работи за дифузно опаѓање. Добрата вест кај оваа состојба е што е реверзибилна, односно ако реагирате навремено и започнете третман, по правило опаѓањето на косата престанува. За третман при дифузно опаѓање и тенка коса, решението е ПАРУСАН – германска линија на производи за жени сочинета од шампон и тоник.

- Advertisement -

Како може да ви помогне линијата Парусан?

Линијата ПАРУСАН е сочинета од два производа – стимулирачки шампон и енергетски тоник. Овие два производа е препорачливо да се употребуваат комбинирано за да се добијат посакуваните резултати.

Прв чекор при третман е нанесувањето на стимулирачкиот шампон кој се нанесува на косата, се остава да делува 2-3 минути, а потоа се исплакнува.

- Advertisement -

Втор чекор е нанесување на енергетскиот тоник што се нанесува по миењето, со нежно масирање на кожата на главата. Тоникот не се плакне, туку се остава да се исуши. По три месеци редовна употреба на двата производа можете да се уверите во првите позитивни резултати. Клинички докажано!

ПАРУСАН – го јакне влакното до самиот корен

Една од најистакнатите карактеристики на оваа линија е тоа што содржи исклучително ефективна активна супстанција, чие дејство е докажано по опсежно спроведени клинички испитувања. Во составот на ПАРУСАН влегуваат биотин и л-аргинин кои го зајакнуваат коренот на влакното, додека уреата, витаминот Е и пантенолот ја хидрираат косата, ја негуваат и ја прават здрава и сјајна.

Шампонот и тоникот ПАРУСАН ја стимулираат циркулацијата на кожата на главата, внесувањето хранливи материи на кожата на главата и го запираат опаѓањето на косата.

Производите ПАРУСАН се достапни во сите аптеки!

Сподели!
- Advertisement -