Текстилната сина боја ќе се користи за складирање обновлива енергија

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Бафало открија начин да складираат обновлива енергија со помош на отпадна вода од текстилната индустрија. Загадената вода содржи сина боја, која хемиски се нарекува метилен сина, а има електрични својства и во иднина ќе може да се искористи за да се револуционизира индустријата за батерии.

Во земји како Шри Ланка, каде што текстилната индустрија носи најголем дел од приходите, ова откритие е од суштинско значење а достигнување на повисоки еколошки стандарди.

- Advertisement -

Само 5% од метилен сината боја се апсорбираат во текстилот во текот на бојадисувањето, што значи дека илјадници литри се испуштаат од фабриките. Остатокот од бојата едноставно се фрла. Поради електричните својства на бојата, која во медицината се користи и за некои болести на крвта, за инфекции на уринарниот тракт и при труење со цијанид, ќе ја смени текстилната индустрија и земјите каде што оваа индустрија ја уништува околината, пишува Inhabitat.

Истражувањето, кое минатиот месец беше објавено во научното списание ChemElectroChem, открива како молекулите на метилен сината боја ја менуваат формата кога ќе се додаде струја. Два протони и два електрони се прикачуваат за бојата и се добива леуко-метилен сина, односно безбоен нуспроизвод.

- Advertisement -

Тоа потоа се користи во процеси на редукција и оксидација и е одлична алтернатива за батериите Ако се користи соларна ќелија за да се генерира струја, големи количини од бојата може да се трансформираат во леуко-метилен сина. Обратниот процес, пак, во кој бојата се изложува на струја, во зависност од големината на ќелијата во која е ставена бојата, може да даде јачина на струјата по желба, што не е опција со батериите.

Сподели!
- Advertisement -