На коалите им се заканува истребување!

- Advertisement -

Австралиската фондација за коали ги профласи коалите за официјално „функционално истребени“. Тој термин значи дека иако има уште 80.000 коали во светот, тие или не можат да се репродуцираат или повеќе не игрраат битна улога во нивниот екосистем. Едно од најпознатите австралиски животни е на брз пат до истребување по сечењето на шумите, поради болести, поради климатските промени и масовното ловење за нивното крзно во 19-тиот и 20-тиот век.

Австралиската влада го стави животното на листата со ранливи видови во 2012 година, кога се претпоставуваше дека има од 100.000 до 500.000 коали. Оттогаш до денес владата не презеде големи напори за да ги заштити овие животни.

- Advertisement -

Со популација која во земјата се проценува на најмалку 43.000 коали, голема е веројатноста да станат поподложни на болести поради парење на коали кои се во блиска роднинска врска. Со овие мали бројки ова животно има многу мало влијание врз својот екосистем. Коалите во минатото биле многу битни за животниот циклус на хранливите состојки во шумите,, затоа што нивниот измет битен извор на ѓубриво. Големите коали можат да изедат по 1 кг листови од еукалиптус за една вечер.

Урбаниот развој ги загрозува шумските скосистеми и постои општо мислење дека владите мора да ги прошират заштитените области од земјите кои се опфатени со националните паркови. Фондацијата на австралиските коали предложи донесување на посебен закон за заштита на коалите со кој залувувањето на шумите од еукалиптус ќе се постави како примарна стратегија.

Сподели!
- Advertisement -