УЈП повика: Сите физички лица кои остваруваат приход да се регистрираат во е-системот

- Advertisement -

Сите физички лица кои во текот на 2018 година имаат остварено приход, вклучувајќи и оние што примиле само плата и пензија, треба електронски да се регистрираат во Управата за јавни приходи на системот Е-персонален данок.

Од УЈП, како што беше посочено на денешната прес-конференција, ги повикуваат граѓаните тоа да го направат поскоро и да не се чека крајниот рок 31 декември 2018 година.

- Advertisement -

Обврска за регистрација во системот имаат сите физички лица кои оствариле приходи по кој било основ – плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, добивка од игри на среќа, од странство, пензија и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход заради прием на пополнетата годишна даночна пријава што од 1 јануари 2019 година ќе ја доставува УЈП.

Физичките лица ќе треба електронски да се пријават на системот e-pdd.ujp.gov.mk. Откако електронски ќе се пријават на системот потоа си ги потврдуваат податоците во УЈП.

- Advertisement -

Пополнетата годишна даночна пријава преку електронскиот систем УЈП треба да ја достави до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година, а граѓаните ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците од пополнетата даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година.

Во електронскиот систем досега се регистрирани 13 илјади граѓани.

Сподели!
- Advertisement -