Можеби некои мислат дека веќе има доволно онлајн часови по фитнес и со личен тренер, но еден стартап има идеја за нешто сосема поинакво. Mirror е гаџет кој изгледа како огледало, но ви овозможува да ги гледате инструкторот и другите луѓе кои вежбаат фитнес, јога, бокс, пилатес итн. Ова во никој случај не е обично огледало или конференциски систем, туку има и метрички податоци кои ги мерат вашите перформанси на екран.
Сите инвеститори веќе се обложуваат дека овој гаџет ќе привлече големо внимание. Стартапот од Њујорк веќе има собрано 13 милиони долари. Компанијата Spark Capital ја предводи инвестициската рунда, а учествуваат и Lerer Hippeau Ventures, First Round Capital, BoxGroup и други. Тоа е целосна опрема за теретана за дома со елегантен дизајн, вели основачот и извршен директор на стартапот, Брин Путнам. Mirror е целосно персонализирано одлично искуство.
Путнам бил професионален танчер во балетот во Њујорк. Дефинитивно има простор на пазарот за висококонектирани производи за фитнес, а Mirror е истакнува од сите затоа што ве поврзува со професионалци кои ви даваат фидбек во реално време за тоа како ги правите вежбите.