- Advertisement -
По „Мекиците од Стража”, и „Крофните од Хром” станаа трговска марка заштитена во Македонија, покажува најновиот огласник на Заводот за индустриска сопственост објавен на 31 август
За популарните крофни, за кои се чека во редица, е поднесено барање за заштита на името и знакот на 27 октомври 2017 година. Барањето а одобрено е на 27 август годинава. Во описот стои дека се работи за продажба на крофни на големо и мало и ресторани со самопослужување.
Заштитена трговска марка отсега се и брашното Т-400 екстра бело на „Мекиците од Стража”, колбас на „Екстра Меин”, новото скопско нефилтрирано пиво на Пивара Скопје АД, ужинки (снек храна) на „Витаминка”, пенливите купки и шампони на Алкалоид АД Скопје со детски ликови, „Глос” детергент за миење садови и средство за чистење тоалет на истата компанија….
Главно, она што го имаат заштитено носителите на трговски марки се хигиенски, козметички, медицински и ветеринарни препарати, ортопетски помагала, гуми, лепила, е-цигари, компјутерски апликации, осигурителни услуги, инструменти, апарати, уреди, образовни услуги, фискални апарати, делови за автомобили, машини за вежбање…
- Advertisement -