Бесплатна апликација која ги спојува работниците и работодавачите без разлика каде се наоѓаат

- Advertisement -

Апликацијата Jobs Now работи на принцип на гео-оцирање и пребарување на работници според струка или пребарување на работодавачи според профил и им дава шанса ефикасно да се поврзат!

Штотуку формираниот стартап Dokes од Ријека, Хрватска во соработка со британската компанија Motovate  лансираше бесплатна мобилна апликација Jobs Now која служи за поврзување на работници и работодавачи наменета специфично за угостителство и туризам. Аликацијата содржи база на угостителски објекти, отворени огласи за работа, обуки и курсеви, а нејзината специфичност е во тоа што нуди можност за пребарување на работници според струка и локација било каде во светот, не само во Хрватска.

„Апликацијата работи на принцип на гео-лоцирање на потенцијалните работници и работодавачи.Тоа значи дека корисницикот ако ја отвори аликацијата на пример во Америка прво ќе ги види отворените позиции или работодавачи од Америка затоа што му се најблиску“, објаснува Анџелко Миљаниќ, продажен менаџер во компанијата. Оваа апликација произлегла од проблемот со кадар со кој се соочуваат хрватските хотелиери и угостители, но и самите работници кои бараат подобри работни места.

- Advertisement -

„Ја смисливме оваа апликација за да се олесни целиот процес на вработување. Нема специфичности за хрватскиот пазар, туку е наменета за хотелиерско-угостителската индустрија каде било во светот. Jobs Now е единствена таква апликација во светот за барање работа и работници во оваа индустрија“, тврди Миљаниќ.

Истата веќе има стотина корисници во Хрватска, а целта е до крајот на годината да достигне најмалку 10.000 симнувања, а до следната туристичка сезона таа бројка неколкукратно да се зголеми. Едноставноста и иновативноста во користење на Jobs Now се манифестира и во тоа што корисникот – барател на работа има копче со кое означува дали е достапен за работа или не.

Сподели!
- Advertisement -