„Електричен полигон 5“ и „Електричен конвој“ во Скопје на 20 септември

- Advertisement -

Електромобилност Македонија во соработка со Град Скопје како дел од „Европската недела на мобилност“ под мото „Комбинирај и движи се“ на 20 септември 2018 година (четврток) на кампусот технички факултети – Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет – Скопје, со почеток од 10:00 часот организира „Електричен полигон 5“ и „Електричен конвој.“

Е-полигон е едукативен час за ученици од основни и средни училишта со тема електрични и хибридни возила и загадување. Почеток на е-полигон #5 во 10:00 часот.

- Advertisement -

Возилата на е-полигон ќе се придвижат како Е-конвој од кампусот факултети низ централното градско подрачје. Движење на е-конвој #1 во 12:00 часот.

- Advertisement -

Ги повикуваме сите сопственици на електрични и хибридни возила од сите рангови, имено, е-тротинет, е-велосипед, е-картинг, е-цикли, е-мобил, е-пикап, е-бус, други, да се вклучат во е-кампањата за видливост на електричните и хибридни возила во македонското општество, без оглед дали возилата се во сопственост на приватни физички субјекти или правни лица, јавни претпријатија, корпоративни возила, други.

Ги каниме медиумите да дојдат во 11.30 часот на кампусот факултети од каде што сите заедно со Електричниот конвој со кратко возење низ улиците на Скопје ќе се упатиме пред Порта Македонија каде ќе може да се земе кратка изјава од присутните.

- Advertisement -

Покрај Град Скопје, поддршка на настанот како и излагања со апарати и возила ќе имаат: ЕВН, Телеком, Toyota Авто Центар, Прокредит Банка, Фибернет М-К, ЈП Паркинзи, ЈСП, ФЕИТ, МФС, иноватори и ентузијасти поддржувачи за Е-мобилност Македонија.

Рутата за е-тротинет, е-картинг, е-вело како и рутата за е-мобил, е-бус, хибрид, плаг-ин возила во прилог. Ве очекуваме!

Сподели!
- Advertisement -