Израелска компанија го пушти во употреба првиот школски ранец отпорен на куршуми. Компанијата Masada-Armour го произведе првиот ранец отпорен на куршуми поради заканите за пукање во школите, соопштија од компанијата. Наведуваат дека школскиот ранец за помалку од две секунди може да се претвори во непробоен штит, така што околопна плоча се одвојува од скриен дел од ранецот.
Стандардната верзија на ранецот може да сопре куршуми искпукани од пиштол, а напредната верзија куршуми испукани од автоматско оружје. Косопственикот на компанијата Јаир Розенберг изјави дека производот е дизајниран за учениците во школите да се заштитат во случај на престрелки.
„Народот бара решение и ова е многу корисно“ додава Розенберг. Тој истакна дека компанијата забележала се поголем интерес за овој производ во период кога школите станаа место на оружени судири. Стандардниот ранец е тежок три килограми и чини 500 долари, додека напредната, потешка верзија на ранецот чини 750 долари.