Психијатрите предупредуваат на сериозно пореметување предизвикано од селфи фотографиите

- Advertisement -

Во време кога сите социјални медиуми за најголем дел од луѓето станаа битен дел од секојдневието, не е тешко со помош на апликации и селфи филтри луѓето да се прикажат поатрактивни отколку што се. Со само неколку потези и нема повеќе акни, имаме подобар тен, поголми очи, послби сме итн.

Доктори од Медицинскиот факултет на Универзитетот Бостон велат дека дигитално подобрените фотографии може да имаат контраефект, односно луѓето да ги направат несигурни, па дури и да доведат до проблеми со нивната самодоверба.

- Advertisement -

Во напис објавен во стручното списание Jama Facial Plastic Surgery докторите предупредуваат дека перцепцијата на убавината глобално е изменета затоа што секој може дигитално да ја измени сопствената фотографија, пишува tportal.

„Поради селфи фотографиите поправени со филтри луѓето можат да игубат контакт со реалноста затоа што за себе создаваат слика на некој кој изгледа совршено, во согласност со очекувањата на другите“ вели д-р Нилам Ваши од бостонскиот универзитет. Според податоците кои ги имаат за пластичните хирурзи, 55% од хирурзите велат дека пациентите од неодамна повеќе бараат операции кои ќе им овозможат да изгледаат подобро на селфи фотографиите. Во 2015 година 42% од хирурзите го изјавиле истото.

- Advertisement -

Докторите велат дека пациентите повеќе не бараат козметички или оперативни зафати со помош на кои ќе наликуваат на омилентата филмска ѕвезда  туку сакаат да станат подобри верзии на самите себе, најчесто со пополни усни, потесни или кратки носеви или поголеми очи.

Ваши и колегите сметаат дека филтрираните фотографии кај некои корисници на социјалните мрежи можат да влијаат на самодовербара, а во екстремни случаи да резултираат со десморфно телесно пореметување – опседнатост со замислена или помала естетска маана која предизвикува голема вознемиреност или го попречува социјалниот или професионалниот живот или некоја друга активност. Ова пореметување најчесто започнува во текот на адолесценцијата и еднакво се појавува и кај машкиот и кај женскиот пол.

- Advertisement -

Моментално не е познато колку луѓе го имаат ова пореметување, но се чини дека бројот е прилично голем. Како што велат докторите, луѓето кои го имаат или не се јавуваат кај своите доктори или пореметувањето е заведено како депресивна состојба со цел да се заштити приватноста на пациентот. Освен тоа, многу малку доктори се запознаени во ова пореметување, како и со критериумите за негово дијагностицирање и дека треба да се преземат соодветни чекори и во јавноста да се прошират што е можно повеќе информации.

Сподели!
- Advertisement -