Настанато е во текот на Индустриската револуција, кога се гледало да се намали бројот на часови кои работниците морале да ги одработат во фабрика. Иако пред 200 години претставувало похуман пристап во работата, се користи за денешните работници.
Како и нашите предци и ние поминуваме по осум часа дневно, со мали или без паузи. Најголем дел од луѓето работат и во својата пауза за ручек. Колку е, всушност, ефикасен осумчасовниот работен ден? Дали станува збор за реликт од минатото кој треба да се замени со нов модел? Вашиот мозок сака еден час работа и 15 минути одмор.
Истражувањето кое неодамна го спроведе Draugiem grupa користи апликација за да ги следи работниците навики на вработените. Апликацијата следи колку време вработените потрошиле на различни задачи и ги споредува со нивната продуктивност.
Следувало интересно откритие – должината на работната време не игра голема улога, туку начинот на кој испитаниците го структурираат својот ден. Вработените кои правеле кратки паузи при работата биле далеку поефикасни од тие кои работеле подолго време.
Идеалниот сооднос на работата и одморот изнесува 52 минути работа, па 17 минути одмор. Луѓето кои го применувале овој модел имале имале уникатен степен на фокусираност на работата. Во тој час кога работеле биле 100% посветени на извршување на задачата. Не проверувале ни Facebook ни мејлови. По тој час, кога веќе почнале да чувствуваат замор, земале кратки паузи во текот на кои целосно се исклучувале од работата. Тоа им помагало освежени да се вратат на уште еден час работа.
Што вели науката?
Се верува дека овој модел одговара на фундаменталната потреба на човечкиот мозок: мозокот природно функционира во навали на висока енергија, кои траат околу еден час, по што следува навала на ниска енергија, која трае 15-20 минути. За најголем дел од нас овој проток на енергија значи дека имаме периоди на голема фокусираност, по што следува краток преиод на замор и може да ни се одвлече вниманието.
Осумчасовното работно време може да функционира ако го поделите во стратешки интервали. Кога ќе ја усогласите природната енергија со напорот кој го вложувате, работите почнуваат да одат полесно. Еве ви четири совети за да воведете совршен ритам.
Поделете го денот во часовни интервали
Вообичаено, планираме што треба да направиме до крајот на денот, неделата или месецот, но далеку сме поефикасни ако се фокусираме на она што можеме да го направиме во моментот. Планирањето на денот во интервали од час ги поедноставува страшните задачи така што ги дели во делови. Ако сакате да бидете прецизни, можете да го планирате работниот ден на околу 52-минутни интервали, иако и еден час ќе функционира добро.
Почитувајте го договорот
Интервалната стартегија функционира само затоа што го користи врвот на нашата енергија за постингување максимален фокус, кој трае релативно краток период. Ако не го почитувате тој час наменет за работа и испраќате SMS пораки, проверувате мејлови или седите на Facebook во тој период, овој метод ја губи својата поента.
Земајте вистински одмор
Истражувањето покажало дека вработените кои правеле почести паузи биле многу попродуктивни од оние кои воопшто не одморале. Освен тоа, тие кои целосно се оддалечувале од работата биле подобри од тие на кои им било тешко да го направат тоа. Паузирањето од онлајн профилите, мобилните телефони и листите со задачи е битно за ефикасност. Паузите поминати во одење, читање или разговор се сметаат за најефикасни методи на полнее на батериите затоа што ви ги оддалечуваат мислите од работата.
Не чекајте телото да ви сигнализира кога да се одморите
Ако чекате да почнете да чувствувате замор, веќе е прекасно – сте го пропуштиле периодот на висока ефикасност. Придржувањето до распоредот овозможува да работите кога сте најпродуктивни и да се одморате во време кога би биле непродуктивни. Запомнете, далеку е попродуктивно да се одморате кратко време отколку да продолжите да работите додека се чувствувате уморно и деконцетрирано.