НЛБ Банка ја промовираше новата услуга,NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места преку мобилен телефон. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.
NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.
„Со оглед на тоа дека мобилниот телефон е уред кој секогаш го носиме со нас и по навика не го испуштаме од рака, убеден сум дека нашата нова услуга, NLB Pay мобилниот паричник, дополнително ќе ги олесни плаќањата кои ги вршат нашите клиенти. Плаќањата се извршуваат преку мобилниот телефон, без потреба од физичко користење на платежните картички, со што мобилниот телефон се претвора во виртуелен паричник.”, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје
NLB Pay апликацијата е достапна за преземање од Google Play store.Активирањето на апликацијата, дигитализацијата на картичките и користењето на NLB Pay мобилниот паричник е бесплатно.