При одење на аеродром во иднина нема да се мислиме дали сме го заборавиле пасошот или не затоа што воопшто нема да ни требаат пасоши. Класичните хартиени билети веќе со години не се потребни за летови на кое можете да се пријавите преку Интернет, а не се потребни ни за да се качите на авион затоа што е доволно да ја имате на мобилен телефон. Но, ако летате во туѓа земја, денес ви е потребен пасош.
Американската компанија Delta Air Lines наскоро на аеродром во Атланта почнува со биометриска идентификација. На повеќе пунктови ќе се постават уреди за скенирање и препознавање на лице, кои ќе се користат наместо пасоши и билети. Таквите уреди ќе бидат поставени кај делот за оставање багаж, на безбедносни точки на аеродромите и пред линиите за качување на авион. Ако ова тестирање се покаќе успешно, ќе почне да се применува и на други аеродроми, пренесува Zimo.
Се што ќе треба да направат патниците во текот на онлајн пријавувањеро на авион е да ги внесат податоците од пасошот и кога ќе дојдат на аеродром, мора да се приближат до киосците за скенирање на лицето. Кога уредот ќе ги препознае, на екранот ќе се појави зелено светло како знак за препознавање и тие можат да се качат на авион, односно да одат до киоскот кај терминалот за качување во авион.
„Ако функционира во Атланта, ќе може да функционира каде било“, велат од компанијата Deltа. Оттаму веруваат дека оваа технологија ќе ги намали долгите редови на шалтерите за чекирање и за качување на авион.
Во почетната фаза користењето на технологијата е опционално и може да ја користат само тие што сакаат, додека сите останати купуваат билети и се качуваат во авион на класичен начин. Ослугата за биометриско препознавање ќе биде достапна и за патниците на некои други партнерски компании на Deltа како што се Aeromexicо, Air France иi Virgin Atlantic Airways.